мапа на сајт |
дома |
Skip Navigation Links
ИЗЈАВА

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на личните податоци што Империал НТТ ДОО (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од Вас при посета на службените/деловни простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

• Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;

• За да се спречи, одврати и доколку е потребно да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
• Да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средсвата во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивно присаство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имааат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклушителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат на посебен сервер и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории.
Системот за видеонадзор ја опфаќа областа на: влезно/излезно место во објектот, влезно/излезни места во погоните на двата спрата.

Какви податоци собира Контролорот?

Преку системот за видео надзор се собираат само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во соглсност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Миодраг Наумоски е лице за контакт и одговорен за видеонадзорот.

Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за:
• Заштита на сопственоста;
• Обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот кај Контролорот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на личните податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор.
Пристап до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на техничките мерки за безбедност на податоците (лозинка,запис за секој настан или акција на вработените, односно овластените лица).

До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Управителот на Империал НТТ ДОО.

Како да ги контролираме вашите податоци?

Доколку имате какво било прашање со обработката на Вашите лични податоци преку системот за видео надзор, може да испратите барање до Империал НТТ ДОО на е-пошта imperiam@t.mk или на адреса ул.Маршал Тито бр. 195А Брвеница.

Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Империал НТТ ДОО, адреса ул.Маршал Тито бр. 195А Брвеница или преку е-пошта до imperiam@t.mk

Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање до Империал НТТ ДОО на е-пошта imperiam@t.mk или на адреса ул.Маршал Тито бр.195А Брвеница, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконаско и вие се спротивставувате на бришење на податоците.
Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање до Империал НТТ ДОО на е-пошта imperiam@t.mk или на адреса ул.Маршал Тито бр.195А Брвеница, кога обработката е незаконска.

Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат кај Контролорот, освен ако не побарате од него или пак дадете согласност истите да бидат споделени.
Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање до Империал НТТ ДОО на е-пошта imperiam@t.mk или на адреса ул.Маршал Тито бр.195А Брвеница, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до imperiam@t.mk и да побарате да превземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на suzana.maneska@yahoo.com .
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
• Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

Безбедност на личните податоци

Ние сме посветени на заштитата на Вашите лични податоци. Затоа, обезбедуваме соодветни технички и организациони мерки за безбедност при обработката на личните податоци преку системот за вршење на видеонадзор со кои се гарантира заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста до Вашите лични податоци. Ние ги штитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап, и неовластена употреба или откривање на податоци . Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Снимкоте од видео надзорот, односно Вашите податоци ги чуваме до исполнување на целта заради која се врши надзорот , но не подолго од 30 календарски дена, сметано од денот кога е направена поединечната снимка. По истекот на 30 дена, сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

Copyright © Imperial NTT 2007. All rights reserved