мапа на сајт |
дома |
Skip Navigation Links
ЗА НАС

Империал НТТ е основана во 1995 год. во приватна сопственост на г-дин Милош Наумоски.

Основна дејност на нашата компанија е производство на лесна машка конфекција - кошули и кошули по мерка во две производствени линии, како и лесна женска конфекција во една производствена линија - блузи, туники, топ, фустани, сукњи, марами и др. со годишен капацитет од приближно 360,000 парчиња.
Поседуваме  сопствен новоизграден деловен објект со 1200 м/2 во кои простории е сместено целокупното работење со 170 вработени во 3 производствени линии, кои поседуваат висок профил на стручност и искуство во работењето.
Наши одлики се висок степен на професионализам, подготвеноста  да се одговори на желбите и потребите на клиентите, постојано воведување на иновации во работењето, точноста во испораките и изработката на  високо квалитетни производи.
Империал Нтт успешно работи во континуитет, од основањето па се до ден денес. 
Нашата мисија е проширување на годишниот капацитет со уште една линија за шиење и проширување на соработката со нови странски партнери и нови производни капацитети во Македонија.

Нашата фирма е сопственик на ново формираното производство Империал Плус за изработка на тешка машка и женска конфекција - одела и капути.   За подетални информации кликнете на Империал Плус.

 

 

 

 

 
 

Copyright © Imperial NTT 2007. All rights reserved